• Ивана Ажиевска е родена на 04.09.1996. Својата патека кон запознавање со правото започна да ја чекори во С.Е.П.У.Г.С „Васил Антевски Дрен“ каде се здоби со основните познавања при изучувањето на правен смер. Моментално е студент на додипломски студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ со претензии кон меѓународно право, поконкретно областа за заѓтита на човековите права и слободи. Својата љубов и интерес кон правните науки ги изразува веќе извесен период и тоа како активен член на невладиниот сектор и истовремено со заземање учество во низа проекти и обуки со цел самонадоградување.

 

    • Елизабета Ѓуровска е родена на 17.04.1994 во Скопје. Елизабета е дипломиран правник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а моментално е на постдипломски студии на насоката Граѓанско материјално право на истиот факултет. Има одлични познавања на англискиот и шпанскиот јазикот, како и компјутерски вештини (MS Office, Internet). Елизабета е одговорна, креативна и комуникативна што придонесува кон тоа навреме да ги завршува своите задачи.

 

    • Верица Здравковска е родена на 04.07.1994 во Куманово. Верица е дипломиран правник на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ – Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а моментално е на постдипломски студии на насоката деловно право на истиот факултет. Има одлични познавања на англискиот, францускиот и шпансксиот јазик, а исто така и компјутерски вештини (MS Office, Internet). Верица е организирана, трпелива и прилагодлива со што е одличен тимски играч, а покрај тоа и одлична во изработувањето на своите задачи.

 

    • Фанче Димоска е родена на 16.02.1995 година во Скопје. Средното образование го завршила во СУГС “Георги Димитров”- Скопје со континуиран одличен успех. Во 2013 се запишува на додипломски студии по право на Правниот факултет “Јустинијан Први” -Скопје и истите ги завршува во 2016 со просечен успех 9.38. Во 2016 се запишува на постдипломски студии на насоката меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ. Во текот на студиите зема активно учество во работата на студентската организација ЕЛСА (Европско здружение на студенти по право).

 

    • Елена Нацевска е родена на 05.10.1996 година во Скопје. Средно образование има завршено во С.Е.П.У.С.Г. „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје, правен смер со одличен успех. Во средноштколските денови има волонтирано во невладина организација и била дел од раководниот тим на истата. Своето образование го продолжила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката правни студии. Правните студии ги има започнато студиската 2015/2016 година, моментално е за трета година додипломските студии и има просек 9.44. Ги познава англискиот и германскиот јазик, а во слободно време сака да истражува и продлабочува своите знаења во областа на правото.

 

    • Павле Костоски, роден 04.05.1995 година во Гостивар. Средното образование го завршил во СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар, правен смер со континуиран одличен просек. Додипломските студии ги започнал во 2013 година и ги завршил во 2016 година со просек 9.34 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во моментов е на постдипломски студии по граѓанско маттеријално право при што му преостанува уште една година до нивно завршување со досегашен постигнат просек 9.75. Го Владее англискиот и српскиот јазик и поседува компјутерски вештини и тоа: Internet, MS Office, Photoshop.

 

    • Софија Милошевска е родена на 14.08.1994 во Куманово. Софија се стекна со звањето дипломиран правник на Првиот приватен Универзитет ФОН во Скопје со просечен успех 9.11. Моментално е студент на постипломските студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Правен факултет – „Јустинијан Први“, насока – казнено материјално право. Ги познава англискиот и рускиот јазик. Поседува компјутерски вештини MS Office, способност за тимска работа, комуникативна, посветена на поставени приоритети, оратори, учтива и љубезна.

 

    • Ивона Петрушевска е родена на 08.07.1994 година во Скопје. Средното образование го завршила во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ на правниот смер, со континуиран одличен успех. Своето образование го продолжила на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што се запишала во учебната 2013-2014 година на насоката правни студии и истите успешно ги завршила во 2016 година. Моментално е на последипломски студии на насока Деловна право, модул А – Трговско право. Во текот на своето образование има посетено голем број на обуки и работилници, особено во делот на заштита на човекови права, дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза. Ивона активно го користи англискиот јазик, и има добро познавање на германскиот јазик.

 

    • Каме Ќаев е роден на 04.08.1994 година во Гевгелија. Средното образование го завршил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, насока – гимназиско образование, со перманентен одличен успех. На додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се запишал во учебната 2013/2014 година, и истите ги завршил во 2016 година со просечен успех 9.88. Моментално е на постдипломски студии насока Административно право и јавна администрација, модул А – Административно право.

 

    • Симона Пецалевска е родена на 31.03.1993 година во Битола. Средното образование го завршила во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен, смер – општо гимназиско образование, со континуиран одличен успех. На додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се запишала учебната 2013/2014 година на насоката правни студии и истите успешно ги завршила во 2016 година со просечен успех 9.6. На последипломските студии на смерот Административно право и јавна администрација, модул А – Административно право се запишала истата 2016 година, а испитите од оваа насока ги завршила во академската 2016/2017 со просечен успех 10,00. Симона ги познава англискиот, францускиот и шпанскиот јазик. Поседува компјутерски вештини како Интернет, MS Officе.

 

    • Тамара Велковска е родена на 10.06.1994 година во Скопје. Во 2013 година го завршува своето средно образование во средното стручно училиште „Васил Антевски – Дрен“. Веднаш потоа образованието го продолжува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде што дипломира во 2016 година и се здобива со титулата дипломиран правник. Во моментов, Тамара е студент на постдипломските студии по Граѓанско материјално право на Правниот факултет. Како резултат на нејзиниот висок просек, во неколку наврати има добивано државна стипендија, која што Министерството за образование и наука ја доделува на студенти со особено висок просек, како и стипендија од осигурителната компанија „Еуролинк“ која што компанијата ја доделува на најперспективните студенти на Правниот факултет. Од самите почетоци на нејзиното студирање е член на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА-РМ). Во 2015 година станува и Директор на маркетинг на ЕЛСА – РМ, а во 2017 година ја добива довербата на Сообранието на ЕЛСА – РМ кое што ја избриа за Потпретседател за семиннари и конференции. Во март 2017 година учествува на Регионалниот натпревар по симулирани судења пред Европскиот суд за човекови права, како дел од тимот на ЕЛСА РМ, каде што го освојува високото четврто место. Во текот на студиите работи како практикант во Адвокатската канцеларија Давинка Ивановска и во Основниот суд Скопје 2 – Скопје. Активно зборува англиски јазик и има основни познавања од германски јазик.

 

    • Викторија Андоновска е родена на 28.09.1995 во Битола. Средното образование го завршила во СОУГ „ Јосип Броз – Тито“ – Битола, подрачје природно-математичко Б со континуиран одличен успех. Своето образование го продолжила додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Правните студии ги започнала во академската 2015/16 година и моментално е на трета година додипломски студии со просечен успех 9.72. Од странските јазици ги познава англискиот, францускиот и шпанскиот јазик. Поседува компјутерски вештини Microsoft Office, Windows, OS.

 

    • Ѓорѓи Исаевски е роден 13.11.1994 во Тетово. Средното образование го завршил во СОУГ „Кирил Пејќиновиќ“ во Тетово, природно-математичка насока со одличен успех. Во 2013 година го започна своето студирање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, насока – правни студии, чие студирање навремено и успешно го заврши во 2016 година. Го продолжи своето школување на постдипломските студии по казнено право – Модул А – казнено материјално право, и досегашните испити ги совладува успешно. Во меѓувреме обавува и двомесечна пракса во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Одличен познавач е на англискиот јазик и успешно се користи со офис пакетот и системите за пребарување на интернет. За време на студиите покажува интерес и учествува во многубројни симулации, конференции, дебати и работилници, меѓу кои: симулации за судење на работен спор, правни школи на теми колку денес чини пристапот до правдата и кои се начините за градење на локални демократски капацитети, студентски симулации на НАТО самит, практикантска програма за заштита на човековите права и многу други.

 

    • Бранко Костовски е роден на 13.12.1994 во Скопје. Средното образование го заврши во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје, смер – Правен Техничар со одличен успех. Во учебната 2013-2014 година го започна своето студирање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универтетот „Св. Кирил и Методиј“, чије студирање успешно и навремено го заврши во 2016 година. Го продолжи своето школување на постдипломски студии по граѓанско право – граѓанско материјално право, а воедно досегашните испити ги совлада со 9.0 просек. Во меѓувреме во текот на своето студирање посети голем број обуки и зема учество во премногу разновидни проекти, симулации, конференции, трибини и работилници поврзани со, а некои како дел од своите студии во соработка со организации како што се ОБСЕ и НАТО, притоа обавуваше двомесечна пракса во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Одлично ги владее англискиот и српскиот јазик, но има и познавања од францускиот јазик. Поседува компјутерски вештини како што се Авоматизиран информационен систем за управување со судските предмети (АКМИС) и MS Office.

 

    • Јулија Оровчанец е родена на 21.02.1994 година во Прилеп. Средното образование го завршила во ПСУ„САБА“ – Битола – правна насока. На додипломски студии се запишала на Правниот факултет при Првиот приватен Универзитет ФОН. Поради својот интерес за казненото право, на последипломски студии се запиша на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на насоката казнено право, модул А – процесно право. Испитите од оваа насока ги заврши со просечна оценка 9.1. Јулија ги познава англискиот и германскиот јазик. Поседува компјутерески вештини.

 

    • Мила Почевска е родена во 1995 во Скопје. Средното образование го завршила во СУГС „Никола Карев“ со одличен успех. Во 2013 година се запишала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде ги завршила додипломските студии во 2016 година со просек 9.00. Истата година се запишала на мастер програмата Право на интелектуална сопственост, која се одвива на англиски јазик. Зборува англиски, германски и шпански јазик.

 

    • Ана-Марија Стојановска е родена на 07.10.1993 во Крива Паланка. Средното образование го завршува во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје., смер: правен техничар, со континуиран одличен успех. На додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан ПРви“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се запишува 2012/2013 година и истите ги завршува во 2015 година. На постипломските студии се запишува истата година, а со назив магистер по правни науки , граѓанско материјално и процесно право се стекнува 2017 година со остварен просечен успех од 9.59. Има учествувано во повеќе домашни и меѓународни конференции. Активно ги владее англискиот и српскиот јазик.

 

    • Борис Кочов е роден на 12.07.1993 во Кавадарци. Средното образование го заврши во СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци на смер Економско-правна и трговска струка-правен техничар, со одличен успех. Во 2012 година го започна своето студирање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, насока- правни сстудии, чие студирање навремено и успешно го заврши во 2016 година. Го продолжи своето школување на постдипломски студии по казнено право – Модул – Б казнено процесно право, и досегашните испити ги совладува успешно. Во меѓувреме обавува и двомесечна пракса. Одличен познавач е на ангилскиот јазик и успешно се користи со офис пакетот и системите за пребарување на интернет.

 

    • Петар Барлаковски е роден на 31.07.1996 година во Скопје. Средното образование го завршува во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, а моментално е студент на прв циклус на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Член е на Младински Образовен Форум и моментално е дебатен тренер и дебатен судија, и исто така е ангажиран во креирање на истражувања. Има голема љубопитност и желба за знаење за правната наука, особено за кривичното и меѓународното право.

 

  • Јованчо Јовановски е роден на 29 јуни 1994 година во Битола. Средното образование го завршува во економското училиште во своето родно место, економско правна и трговска насока. Призацната со правото започна во почетокот на средното образование и резултираше со запишување на Правниот факултет во Скопје „Јустинијан Први“. Своите додипломски студии ги заврши во 2016 година, и истата година се запиша на мастер студии на насоката граѓанско материјално и процесно право, модул процесно право. Учествувал на повеќе конференции, семинари и предавања. Моментално е приправник во Адвокатското друштво „Наумов, Менкиноски и Партнери“.