На 06.03.2019 во рамки на Правната клиника се одржа обука на тема ,,Интерактивни методи и техники на неформалното образование кои се користат во програмата Учиме право” од страна на Нена Николовска и Ивана Петковска, претавници од Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF.
Целта на обуката е развивање вештини кај учесниците во клиничкото образование да се запознаат со начинот на користење на техниките и методите на работа и предавање на предавачи и предлози како активно да се вклучат заинтересираните млади луѓе да научат нешто повеќе за правото и за своите права и обврски во општеството.