Студентите кои се дел од Правната клиника за ранливи групи присуствуваа на конференцијата за “Унапредување на законската рамка за заштита на човековите права на трансродовите луѓе во Република Северна Македонија” организрана од страна на Коалицијата МАРГИНИ Скопје.
Целта на конференцијата беше да се отвори јавна дискусија со релевантните политички актери и застапници за човековите права на ЛГБТИ за постојната и потребната законска рамка за заштита на човековите права на трансродовите луѓе и правно признавање на родот во Република Северна Македонија. Во рамки на конференцијата беа презентирани и пракси за правно признавање на родот во другите земји на Европската унија, како и највисоките стандарди за почитување на правата на трансродовите луѓе и правното признавање на родот поставени од страна на Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.
Беа одржани две панел дискусии едната за Правата на трансродовите луѓе и правното признавање на родот , и втората за Регионални и меѓународни стандарди и добри практики за унапредување на човековите права на трансродовите луѓе.