Повик за студенти за учество во Правната клиника за ранливи групи

ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАВНАТА КЛИНИКА ЗА РАНЛИВИ ГРУПИ

 

Почитувани студенти,

Правната клиника за ранливи групи при Правниот Факултет „Јустинијан Први“ објавува

ОТВОРЕН ПОВИК

прием на студенти-учесници во Правната клиника за периодот 01.12.2018 – 01.11.2019

Право на пријавување имаат студентите од прв циклус на студии кои имаат завршено IV семестар, и студентите од втор циклус на студии.

Ангажманот во Правната клиника се состои од:

  • теоретски и практични обуки од соодетните области спроведени од професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“, адвокати, судии и претставници на невладини организации;
  • практична работа со симулирани случаи;
  • соработка со државни органи, затворски установи и невладини организации;
  • работа со странки (припадници на ранливи групи) под надзор на ментори

Станува збор за програма за обучување на ангажираните студенти за давање поддршка во остварувањето на права од областа на социјалната и здравствената заштита, потрошувачки права, права на притворени и затворени лица и нивните семејства и правна заштита пред Народниот правобранител. Граѓаните на кои Правната клиника ја нуди својата помош се социјално загрозени лица, ЛГБТ, сексуални работници, Роми, затворени и притворени лица и нивните семејства, како и други лица кои се спречени во остварување на некое право поради дискриминаторска основа.

Студентите ќе работат во посебни оддели на Правната клиника за ранливи групи под менторство на професори од административно-процесно право, трудово право, потрошувачко право  и казнено-процесно право.

Се очекува ангажманот на студентите да биде 6 часа неделно. По успешното завршување на работата во Клиниката, студентите добиваат сертификат за учество во клиничка (практична) настава и секаков вид професионални препораки потребни при градењето на нивната идна кариера.

Заинтересираните студенти треба да поднесат пополнета пријава (во прилог), куса биографија и мотивациско писмо од најмногу 10 реченици до координаторот на Правната клиника за ранливи групи на pravnaklinikaskopje@gmail.com најдоцна до 30.11.2017 година (пожелно во еден документ). Формуларот за пријава можете да го преземете тука.