На 19.04.2019 во просториите на Правната клиника се одржа работилница за учесниците во клиничкиот оддел за социјална и здравствена заштита и учесниците во клиничкиот оддел за административно-правна заштита со цел приказ на системот на здравствено осигурување и постапките за остварување на правата од здравствена заштита, како и текот на постапките кои се водат пред Управниот суд.
Работилницата ја водеа г-а Ана Петровска, претставник од Секторот за нормативно-правни, управни работи и здравствено осигурување при Министерството за здравство и г-а Ивана Смугреска, стручен соработник во Управниот суд.