Претседателот на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Зоран Дранговски и деканот на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје Проф. Д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка со цел меѓусебна поддршка во реализацијата на своите тековни активности, а кои се однесуваат на унапредување на универзитетското правно образование во државата и развојот на правниот систем воопшто.
Соработката помеѓу МЗМП и Правниот факултет ја опфаќа и Правна клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје за маргинализирани групи, во насока на практична едукација на студентите кои се нејзини членови, за области во кои работи МЗМП.