Воведни обуки – Права на затворените и притворените лица и нивните семејства I

 

 

 

 

На 31.01.2019 се одржа обука наменета за учесниците кои посетуваат клиничка настава со цел приказ и анализа на мерките за обезбедување присуство на лица во кривичната постапка со посебен фокус на мерката притвор.

На првиот дел од обуката темелно се разработи поимот притвор како мерка за обезбедување присуство на лица, видовите притвор, основите за определување, органите вклучени во постапката и постапката за определување мерка притвор.

На вториот дел од обуката се даде приказ на притворските одделенија во затворите во Република Македонија и анализа на постапката со притвореници, со посебен фокус на правата на притворениците за времетраење на мерката притвор.