На 04.02.2019 се одржаа вториот сет обуки наменети за учесниците кои посетуваат клиничка настава со цел приказ и анализа на системот на санкции изречени за кривични дела и прекршоци кои се извршуваат според Законот за извршување на санкциите, целите на изречените санкции, надлежните органи за извршување на санкциите и органите вклучени во постапката за издржување на казната затвор, системот на казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија, како и положбата на осудените лица на казна затвор и нивните должности за одржување на редот и дисциплината во установите, постапките и основите за отпуштање на осудените лица од издржување на казната и помош на осудените лица по нивно отпуштање.
Со цел приказ на реалните затворски услови на лицата кои издржуваат казна затвор во установите во Република Македонија, на обуката беа изложени ставовите на изнесени во високо критичниот извештај на Комитетот за превенција од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа изработен врз основа на посетата на Комитетот остварена во декември 2016 година, по што се отвори дискусија на која се споделија идеи за поддршка на установите за подигнување на нивото на затворските услови.