Правната клиника за ранливи групи при Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди бесплатни правни информации и совети на лица од ранливи и маргинализирани групи (социјално загрозени лица, ЛГБТ, сексуални работници, РОМИ како и сите други лица кои се дискриминирани по некој основ согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација) во остварување на:

  • правата од социјална заштита,
  • правата од здравствена заштита,
  • правата на ранливите категории потршувачи,
  • правата на притворени и затворени лица,
  • правата на членови на семејства на притворени и затворени лица, како и
  • оценка на можноста за барање правна заштита пред Народен правобранител.

Доколку сметате дека спаѓате во кругот на лицата кои ги нудиме, а се соочувате со правен проблем од набројаните области, обратете се кај нас  и студентите по насоки на менторите ќе го истражат вашиот проблем и ќе ви достават документ кој ги содржи правните информации кои ви се потребни. Повеќе за начинот на работата на Клиниката можете да видите во Правилникот на Правната клиника за ранливи групи и Етичкиот кодекс на Правната клиника за ранливи групи.