Остварување на соработка помеѓу С.Е.П.У.Г.С „Васил Антевски Дрен“ и Правната клиника за ранливи групи

На ден 21.03.2018 година, студентите од работните групи за ранливи категории потрошувачи и семејства на затворени и притворени лица ги посетија учениците од правниот смер во СЕПУГС Васил Антевски Дрен, при што ја прикажаа работата на клиничката програма и ги запознаа студентите со основните права на ранливите категории потрошувачи и правата на семејствата на затворените и притворените лица.