Andrew Sigler во посета на Правната клиника за ранливи групи!

На 03.04.2019 се сретнавме со г-дин Andrew Sigler, јавен обвинител од Соединетите Американски Држави.
Низ дискусија, г-дин Sigler ги сподели своите долгогодишни искуства од работењето како јавен обвинител, предизвиците со кои се соочува и тежината на одлуките кои ги носи во својата работа. Разговорите со г-дин Sigler ги доближи учесниците на Правната клиника за ранливи групи до третманот на малолетници-деликвенти до кривичниот систем на Соединетите Американски Држави и придонесе кон тоа да направат споредба со домашниот третман на тие лица.