МЗМП и Правната клиника за ранливи групи: „Техники и вештини за работа со лица од ранливи категории“

На 29.03.2019 претставници од Macedonian Young Lawyers Association ја посетија Правната клиника за ранливи групи и одржаа работилница на тема ,,Техники и вештини за работа со лица од ранливи категории”.

Во рамки на работилницата, се анализираа и разработија начелата и принципите за работа со ранливи групи, значењето на бесплатната правна помош и се даде приказ на постапката за остварување на правото на бесплатна правна помош и лицата кои можат да го остварат тоа право, како и лицата кои се ангажирани во постапките за бесплатна правна помош. Беа истакнати техники за пристап и водење на разговор со лица од ранливи категории.

Се спроведе и практична вежба за зајакнување на вештините на студентите за работа со лица од ранливи категории.