Посета и презентација за правата на осудениците во КПД Штип

На 21.06 група студенти од Правната клиника за ранливи групи во придружба на своите ментори остварија обиколка на Казнено-поправниот дом во Штип при што им беше овозможен увид во условите за издржување на казна затвор во установата.
Студентите од Клиничкиот оддел за правата на затворените и притворените лица одржаа презентација пред група осуденици на тема ,,Заштита на правата на затворени лица со употреба на правни средства”.