Правна клиника за ранливи групи на Курс за правно зајакнување

Во рамки на четиридневниот Курс за правно зајакнување во организација на Фондација Отворено општество – Македонија кој се одржува во Охрид, Правната клиника за ранливи групи денес учествуваше со своја сесија преку која ги доближи учесниците до концептот и значењето на клиничкото правно образование како и улогата на правните клиники во пристапот до правда. Учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за мисијата и целите кон кои е насочена клиничката програма, како и типот на активности кои ги спроведува.
Проф. д-р Неда Здравева, менторка во клиничката настава, одржа предавање за пристапот до правда и преку вежби ги поттикна учесниците да размислуваат за механизмите за пристап до правда во нашата држава и важноста на концептот за правно зајакнување. Презентацијата за клиничкото образование и улогата на правните клиники ја спроведе проектната координаторка м-р Марјана Станинова, а работата на Правната клиника за ранливи групи ја презентираа студентките Елена Нацевска и Викторија Андоновска, ангажирани во клиничката програма од основањето.
На Курсот за правно зајакнување како учесници се вклучени претставници од Министерството за труд и социјална политика, Меѓуопштински центри за социјална работа и НВО.