За потребите на реализацијата на клиничката програма е отворена позиција –
координатор/ка кој/а што ќе биде ангажиран/а 20 часа во текот на една седмица во
периодот од октомври – декември 2019.
Задачи на координаторот/-ката:
– Да ја координира работата на клиничката програма ( комуникација со баратели
на информации, координација на студенти и наставници, координација со
организации и институции )
– Да се грижи за организација и навремено остварување на активностите
– Да подготвува информации и промотивни материјали
– Да подготвува извештаи за потребите на проектот
Потребни квалификации:
– Завршен втор циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ –
Скопје или да е студент на втор циклус студии на Факултетот
– Кандидати кои имаат претходно искуство во спроведување проекти или кои
биле дел од Правната клиника за ранливи групи ќе имаат предност
– Одлично познавање на англиски јазик
– Подготвеност за работа со ранливи и маргинализирани групи
Заинтересираните треба да достават своја биографија и мотивациско писмо до
pravnaklinikaskopje@gmail.com најдоцна до 16/09/2019 година. На интервју ќе се
викнат пред-селектираните кандидати/-ки најдоцна до 20/09/2019 година.