Стекнување вештини за практикување правo: обука со адв. Мери Младеновска-Ѓорѓиевска

Што е адвокатура? Која е улогата на адвокатите во заштита на правата и слободите на граѓаните? Каков треба да биде односот на адвокатите кон своите клиенти? Дали постојат и кои се спецификите во пристапот на адвокатите кон клиенти-лица од ранливи групи? Колку е значајна заложбата на адвокатите во јакнење на принципот на владеење на правото?

На денешната обука, адвокат Мери Младеновска – Ѓорѓиевска, преку споделување на своите знаења и долгогодишни искуства од практикување на правото, како и спроведување на практични вежби, студентите од Правната клиника за ранливи групи се обидуваа да најдат одговори на изложените прашања.

Особено внимание се посвети на значењето на професионалната етика на адвокатите, за стекнувањето и задржување на довербата и штитењето на интересите на клиентот и идејата за правда.

Практичните вежби се состоеа во задачи за студентите да симулираат четири различни сценарија со содржина на спроведување на интервју на клиент. Низ вежбата, студентите имаа можност да се стават во улога на клиент/адвокат и да забележат неетичко однесување во пристапот на адвокатот.