Правната клиника за ранливи групи со свој штанд на Станица Студентска 7.0

Младински образовен форум (МОФ), во рамките на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено општество, на 23.4.2019 од 11 до 18 часот, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, по седми пат го организираше целодневениот студентски настан „Станица: Студентска”.

Станица: Студентска 7.0. е еднодневен настан наменет за студенти чија цел е да се промовира здружувањето помеѓу студентите, студентскиот активизам, истражувачката работа, како и размената на знаење помеѓу академската заедница.

Нашите учесници се вклучија на настанот и ги промовираа целите и идеите на клиничкото образование како и работата на Правната клиника за ранливи групи.