На 01.03.2019 се одржа работилница за сензитивизација на студентите по право за работа со маргинализирани заедници од страна на адв. Наташа Бошкова од Коалиција МАРГИНИ. Работилницата беше насочена кон специфичните проблеми и потреби на луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/чки и ЛГБТИ луѓето. Низ конкретни примери и случаи се обработуваше пристапот што треба да се применува во работата со овие заедници, начинот на решавање на проблемите и стратегии за застапување за правата на маргинализираните заедници.