На 26.02.2019 во просториите на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје се одржа средба на студентите-учесници во Правната клиника за ранливи групи и истражувачкиот новинар и автор на книгата ,,Живот во кутија”, Томислав Кежаровски.
На средбата, новинарот преку споделување на своите лични искуства од миговите минати како притвореник во КПУ Затвор-Скопје ги доближи студентите до приказните зад капиите на институцијата. Се говореше за вистината на квадратурите на келиите, хранливоста на оброците, хигиената, почитувањето на дневниот ред на институцијата и нивото на корупција, како и инвентивноста на притворените лица за создавање на основни услови за живот, преку кои се истакна ранливоста на оваа категорија лица во пенитенцијарниот систем.