На 19.02.2019, во рамки на соработката на Правната клиника за ранливи групи и Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF, отпочна спроведувањето на серија обуки за учесниците во клиничката програма со цел зајакнување на нивните капацитети за презентирање на правни информации пред специфична публика.
Првиот дел од вчерашната обука на тема ,,Комуникациски вештини и принципи на работа со млади” беше насочен кон објаснување на поимот дебата, формите на дебата и општото значење на дебатата. На вториот дел од обуката, преку интерактивни примери и вежби, учесниците градеа тврдења за одредени општествени прашања и вежбаа конструкција на аргументи за убедување. Предавачи на вчерашната обука беа Мартин Алексоски и Лазар Поп Иванов од Младинскиот образовен форум.