Воведни обуки – Заштита на правата на ранливите потрошувачи

На 12.02.2019 година се одржаа сет предавања наменети за обучување на учесниците кои посетуваат клиничка програма да толкуваат и применуваат одредби на законите кои што ги уредуваат правата на потрошувачите, со посебен фокус на ранливите потрошувачи.

Целта на обуките е овозможување на студентите да постигнат соодветно теоретско ниво за идентификување и разбирање на нормите на потрошувачкото право, и преку практични вежби, анализа и дискусија да развијат самостојно и критичко размислување за правилна примена на законите со кои се уредуваат и штитат правата на потрошувачите.

На првиот дел од обуката темелно се разработија поимите потрошувач и трговец, и преку практични примери и прашања се анализираа основните потрошувачки права и должностите на трговците. На вториот дел од обуката посебно внимание се посвети на правото на потрошувачот да биде информиран за условите на продажба и давање на услуги.