Воведни обуки – Заштита на правата на ранливи групи во управна постапка

На 28.12.2018 се одржа обука со цел подготовка на учесниците кои посетуваат клиничка настава да толкуваат и применат одредбите на Законот за општата управна постапка и Законот за управните спорови.

Теоретскиот дел од обуката целеше кон објаснување на начелата и текот на управната и управно судската постапка.

По завршувањето на теоретскиот дел од обуката се спроведе вежба – студија на случај – со цел анализа на одлука на Управниот суд во постапка против решение на државен орган во врска со правото на слобода на родова определеност.