Воведни обуки: Социјална и здравствена заштита I

На 14.12.2018 на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” се одржаа првите од низа обуки за продлабочување на правничките знаења и развивање на самостојно и критичко размислување на учесниците од Правната клиника за ранливи групи.

Обуките беа насочени кон подробно запознавање на учесниците со правото на социјално осигурување и системот на социјалното осигурување во Република Македонија со посебен фокус на ранливите групи. По теоретскиот дел од обуката, учесниците беа вклучени во вежба за анализа на исплатна листа на плата.